Бранко Грегановиќ – нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

16

Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици. Назначувањето на Бранко Грегановиќ на новата функција доаѓа по одлуката за негово именување донесена од Надзорниот одбор на Банката и издавањето на согласноста од Народната банка на РСМ.

Бранко Грегановиќ има повеќе од 30 години искуство во банкарскиот и корпоративниот сектор на словенечкиот, австрискиот и српскиот пазар, но и богато искуство во јавниот сектор, извршувајќи одговорни позиции во словенечкото Министерство за финансии и централната банка.

На позицијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ доаѓа од НЛБ Банка Белград, каде во изминатите седум години ја извршуваше функцијата претседател на Извршниот одбор. Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прерасна во профитабилна финансиска институција со здраво кредитно портфолио и со забрзан раст на годишно ниво од 15% до 20%. Ваквите резултати ѝ ја вратија цврстата позицијата на НЛБ Групацијата на српскиот пазар и во декември 2020 година ѝ го отворија патот за аквизиција на една од водечките српски банки – Комерцијална банка Белград.

„НЛБ Банка Скопје располага со одличната екипа и голем потенцијал за зајакнување на својата пазарна позиција. Тоа ми дава мотив и енергија, заедно со вработените во Банката, да продолжиме да вложуваме во нејзиниот натамошен развој, фокусирајќи сѐ на проширување на понудата со иновативни производи и услуги, на квалитетот и натамошното градење на довербата со клиентите и секако во придонесот што го има Банката за просперитетот на пошироката општествена заедница“, вели меѓу другото Бранко Грегановиќ, во својата прва изјава по стапувањето на функцијата.

Бранко Грегановиќ има универзитетска диплома по економија и две одбранети магистерски тези, една од областа на економијата на Економскиот Факултет во Љубљана, Словенија и друга од областа на менаџментот од London Business School во Лондон, Bелика Британија.