
Германските компании се повнимателни кога вработуваат нови работници, покажува најновото истражување објавено на веб-страницата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Индексот IFO, кој ја мери подготвеноста на компаниите да вработуваат, падна на 95,8 поени во септември од 97,0 поени во август.
– Престана големиот пораст на вработувањата на нови работници во Германија, кој беше забележан во последните неколку месеци – изјави шефот на истражувањето на ИФО, Клаус Волрабе.
Тој додаде дека поради недостигот на нарачки, многу компании се прилично внимателни при пополнувањето на испразнетите позиции и, според него, промена треба да се очекува само кога германската економија ќе закрепне.











