Брансон ќе почне да дели откази

76

Британската авио компанија Virgin Atlantic, во сопственост на милијардерот Ричард Брансон, соопшти дека ќе отпушти 3.150 работници.

Овој нискобуџетен авиопревозник наведе дека отпочнува период на консултација во траење од 45 дена, и ќе соработува со синдикатите BALPA и Unite по прашањето за реструктуирање на компаниите, пренесува CNBC.

“Преживеавме многу бури од нашиот прв лет пред 36 години, но ниту едно не беше толку погубно како Ковид-19, придружен со човечки загуби и средства за егзистенција“, рече извршниот директор Шај Вајс.

Тој додаде дека за да се обезбеди иднината и одржливата профитабилност на компанијата, сега е време да се преземат мерки за намалување на трошоците, зачувување на готовина и заштита на што е можно повеќе работни места.

Virgin Atlantic, е уште една во низата авиокомпании што најави намалување на работната сила како резултат на кризата, која ги затвори националните економии, приземји летови и ја разниша побарувачката за авио – патувања.

Фото:Facebook