Брансон си го оствари животниот сон и направи голем чекор за вселенскиот туризам

58

Британскиот милијардер, Ричард Брансон се приземји без никакви потешкотии во Ново Мексико откако помина неколку минути на границата на вселената со своето летало Virgin Galactic, со што го оствари својот животен сон, но и важен чекор за вселенскиот туризам.

VSS Unity, бродот што во вселената однесе двајца пилот и тројца патници, се спушти на писта во базата Spaceport America, во американската сојузна држава Ново Мексико во 9:40 часот по локално време или 17:40 по средноевропско време.

Брансон тоа го опиша како “уникатно искуство во својот живот“, а е првиот милијардер кој полета во вселената што полета со летало што го развила приватна компанија, со што го надмина Џеф Безос, кој на тој чекор ќе се осмели на 20-ти јули.

Милијардери веќе ја посетија вселената во 2000-та година, но не со сопствени, туку со руски летала.

Фото: YouTube screenshot