Брашното од денес ќе се продава со контролни марки

32

511995e0-2899-4de5-8dac-8d771d507e03Почнувајќи од денес брашното во Македонија ќе може да се продава единствено ако е означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со закон.

Во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се известуваат сите правни и физички лица дека од 01.10.2013 година, започна примена на Правилникот за издавање на контролната марка

Операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место.

Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отворањето на пакувањето ознаките видливо и трајно се оштетуваат.