Брашното во Австрија поскапо за 127 отсто

23

Во Австрија цените на храната значително се зголемија во последните месеци, со што најевтиниот вид брашно е поскапo за дури 127 отсто на годишно ниво, покажа истражувањето на Комората на труд (АК).
Секој што сака да испече торта ќе мора да ја стави раката во паричникот многу подлабоко од минатата година за одредени состојки.

Така, цената на килограм најевтиното брашно од 0,41 евро колку што чинеше лани се зголеми на сегашните 0,92 евра.

„Ова е зголемување од речиси 127 проценти“, рече заштитникот на потрошувачите на комората, Габриела Згубиќ.

Истражувањето на АК покажува дека цената на килограм најевтиниот путер пораснала од 5,67 евра на 9,96 евра, што е раст од речиси 76 отсто.

Големиот проблем, освен поскапувањето, е што често во продавниците нема поевтини производи, па потрошувачите мора да купуваат поскапи производи, појасни таа.