Бразил: Книги како билети за метро

26

kniga kako bilet

Бразилците просечно читаат околу две книги годишно. За да го поттикне читањето, најголемиот издавач на книги во џебно издание, L&PM Editores создаде колекција од мали книги, коишто во исто време може да послужат како билет за метро, пишува PSFK.

kniga bilet brazil

L&PM Editores во соработка со агенцијата Agência Africa направи колекција од десет мини книги под името Ticket Books, во коишто е вградена чип картичка што ја препознава сензорот во метрото.

kniga kako bilet brazil

Овие мини книги може да се купат и во самото метро, а нивните корици се инспирирани од мапите на метро станиците.

knigi kako bileti za metro