Бразилска Natura го презема Avon

23

Фото: Pixabay

Бразилската козметичка компанија Natura го презема британски Avon, чија вредност се проценува на околу две милијарди долари, пишува Financial Times.

Во сопственост на Natura се наоѓа и австралискиот бренд Aesop, а во 2017 година стана сопственик на Body Shop, којшто во тоа време беше во сопственост на L’Oreal.

Avon е основан во 1886 година во САД и беше пионер во продажбата на козметика на принципот од врата – до врата. Во 2016 година менаџментот на компанијата одлучи седиштето да го преселат од Њујорк во Велика Британија, по што се укинати 2.500 работни места ширум светот.