Breathe Brick – тула што го чисти загадениот воздух

81

3

Тулите Breathe Brick, како што ги нарече нивниот креатор Кармен Трудел, би можеле да бидат решение за загадувањето на воздухот во земјите во развој. Објектот изграден од овие тули, околниот загаден воздух ќе го исчисти како правосмукалка.

1

Breathe Brick се осмислени како дел од регуларниот вентилациски систем на зградите, користејќи двојна фасада, каде тулите во својата внатрешност содржат и слој на термоизолација. Во центарот на тулата функционира систем “позајмен” од модерните правосмукалки, кој ги издвојува загадувачките честички од воздухот и ги таложи во преносна кошница во подножјето на ѕидот.

4

Системот се состои од два дела – бетонски блок и спојка од рециклирана пластика, кои заедно работат на тоа воздухот да се насочи и да се вовлече низ централниот дел на тулата за да биде прочистен.

Системот досега е тестиран во мал воздушен тунел, при што е пуштано брашно на четири прототип модули. Тестот покажа дека системот може да задржи 30% од фините честички и 100% крупни честички.