Бред Пит ја зема винаријата на Анџелина „како одмазда“ за разводот

15

Компанија основана од Анџелина Џоли поднесе тужба од 250 милиони долари против нејзиниот поранешен сопруг, тврдејќи дека тој и група негови другари започнале подмолна кампања за „да ја преземат контролата“ врз француската винарија што ја купиле како пар. Ова било „одмазда за постапката за развод и старателство“ и „да се осигура дека Џоли никогаш нема да види ниту цент“ од нејзината огромна заработка.

Тужбата, исто така, наведува дека Пит се обидел да го искористи големиот финансиски удел на Џоли во винаријата за да ја принуди да потпише „клаузула за молчење“ со која ќе ѝ забрани да разговара за околностите што довеле до нивниот развод и дека Пит потрошил милиони од парите на компанијата за „суетни проекти“, вклучително и повеќе од 1 милион долари за базен.

Судските документи поднесени во вторникот во Лос Анџелес велат дека откако парот го купил имотот од 1.300 хектари во јужна Франција во 2008 година, тие заеднички инвестирале десетици милиони долари за да го подобрат.

Во документите се споменува дека Џоли и Пит поседуваат по 50% преку сложена мрежа на холдинг компании и дека „голем дел од личното богатство на Џоли“ е врзан за винаријата.

Се наведува дека парот имал договор во кој актерката ги контролирала нивните филантропски проекти, вклучително и Фондацијата „Џоли-Пит“, додека „контролата на инвестицијата на двојката во Шато Миравал била оставена во рацете на Пит“.

Иако винаријата има освоено награди и стана исклучително вредно богатство под нивна сопственост, „не се одвиваше сè непречено“.

Се вели дека Пит има јавно признаен проблем со злоупотреба на алкохол. Таа, исто така, ја извади на виделина озлогласената кавга на приватниот лет во 2016 година, велејќи дека „по сериозен и меѓународно објавен инцидент меѓу Пит, Џоли и децата на парот, Џоли поднела барање за развод“.

Тужбата беше донесена од „Nouvel“, компанијата која Џоли ја основаше за да го задржи својот удел во винаријата, која неодамна ја продаде на алкохолниот гигант Stoli.

Во неа се додава: „Како одговор на постапката за развод и старателство, Пит започна повеќекратна, долгогодишна кампања за преземање на контролата врз „Шато Миравал“ и присвојување на имотот на компанијата во своја корист и во корист на неговите сопствени компании и пријатели. Назначувајќи се за легален сопственик на „Шато Миравал“, постави две цели – да ја присвои вредноста на компанијата на Џоли, „Nouvel“ и да добие единствена сопственост на „Шато Миравал“.

Во документите се наведува дека по поднесувањето барање за развод, Пит едноставно ја водел винаријата без да се консултира со Џоли, дека кога таа се обидела да добие информации и поголема контрола, тој ја „оттурнал“ и дека неправилно се обидел да ги „блокира Џоли и „Nouvel“ да добијат информации за управување со „Шато Миравал“.

Исто така, се наведува дека тој „замислил и спровел план за тајно пренесување на имотот од „Шато Миравал“ на компании во негова сопственост и неговите пријатели, со што го обезвреднил делот на Џоли“.

Во тужбата, исто така, се наведува дека по разводот, директорите на „Шато Миравал“ „расфрлиле десетици милиони од парите на винаријата за проекти кои немаат никакво деловно оправдување“. По налог на Пит, „Шато Миравал“ имал изградено и преуредено скалило во замокот вкупно четири пати, откако тој не бил задоволен со првите три обиди.

Се тврди дека Пит потрошил неколку милиони долари за реконструкција на камени ѕидови со помош на каменорезци од Хрватска.

Парот со месеци е во различни правни спорови за имотот. Последното поднесување е контра тужба на документите поднесени од адвокатите на Пит. Парот го купи имотот три години откако почнаа да се забавуваат. Во 2014 година, тие се венчаа во капела на нејзината територија.