Брегзит беше катастрофа за Велика Британија

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија досега ја намали големината на нејзината економија за шест отсто, а до 2035 година тој процент ќе биде 10 отсто, изјави градоначалникот на Лондон Садик Кан.
Тоа претставува годишна загуба од околу 180 милијарди долари.

Кан ја засновал својата изјава на извештајот што го нарачал од економски консултанти, во кој се проценува колку брзо ќе расте економијата доколку Британија гласа за останување во ЕУ.

Тој тврди дека сега е јасно дека Брегзит не функционира.

– Тешката верзија на Брегзит со која се соочуваме ја влече нашата економија надолу и ги зголемува трошоците за живот – рече Кан.

Оваа проценка е повисока од некои други што беа спроведени неодамна.

Британскиот Национален институт за економски и социјални истражувања (NIESR) процени дека Брегзит ја намалил економијата за два до три отсто, искачувајќи се на пет до шест отсто до 2035 година.