Брегзит и трговските спорови со САД го закочија европскиот извоз

41

Извозот на Европската унија има благ пад во првото тримесечје, покажуваат резултатите, одразувајќи ги трговските спорови со САД и неизвесноста во размената со Британија од Брегзит.

Извозот на ЕУ е намален во првите три месеци од оваа година за 0,9% во однос на истиот период лани, пред разгорување на пандемијата, намалувајќи се на 508,7 милијарди евра.

Во истиот период, увозот е намален на 460,7 милијарди евра.

Со тоа, вишокот во трговската размена на ЕУ со светот беше скоро непроменет во однос на првото тримесечје од минатата година и изнесуваше 47,9 милијарди евра.

Размената во рамки на ЕУ се зголеми за 6% на 804,6 милијарди евра.

Фото: Pexels