Цената на нафтата брент достигна 121 долари и полека се враќа на рекордно ниво. Цената на нафтата на американскиот пазар е 120 долари. Пред три недели барелот поевтини и до 10 долари.
Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот денес изнесува 30.596 долари, што е зголемување за околу 3 отсто во однос на вчера. Во плус се и другите криптовалути.
Цена на пченица и пченка
Од утрово се намалуваат цените на пченицата. Цената на пченицата е 1.071 долар за тон, што е пад од речиси 2 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 757 долари, што е зголемување за околу 2% во однос на вчера.