Брентот поскапе на 101,1 долар за барел

21

Цените на нафтата денеска пораснаа поради извештаите за поголем од очекуваниот пад на залихите во САД и обновената загриженост за снабдувањето, откако министерот за енергетика на Саудиска Арабија навести можно намалување на понудата за да се спречат екстремните промени на цените.

Меѓународната референтна нафта „брент“ се тргуваше за 101,1 долари за барел на лондонската берза во 13:08 часот по локално време, што е за 0,9 отсто повеќе од затворањето во вторникот од 100,22 долари, покажуваат податоците на порталот oilprice.com.

Дополнителен поттик за растот на цената на нафтата предизвика информацијата дека испораките на нафта од Казахстан може да бидат стопирани на неколку месеци поради оштетените пристаништа на црноморскиот терминал на каспискиот нафтовод.