Brexit ќе ја чини Велика Британија 200 милијарди фунти

23

Загубата предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија веќе достигна 130 милијарди фунти, а ќе се зголеми за дополнителни 70 милијарди до крајот на 2020 година, според истражувањето на Bloomberg.

Гледајќи го економскиот раст, Brexit најверојатно ќе ја чини Велика Британија повеќе од 200 милијарди фунти, а оваа сума ги “нулира“ вкупните 215 милијарди фунти што Велика Британија ги плати во заедничкиот буџет на ЕУ во последните 47 години.

Според анализата на економистот Дан Хансон, деловната неизвесност доведе економскиот раст на Велика Британија да заостанува зад стапките пред гласањето во 2016 година.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 јануари, со годишен раст веќе еден процент понизок отколку претходните години.

Фото:Pexels