Американскиот дизајнер Том Браун и германската компанија за производство на средства за бричење и нега на мажи Harry’s произведоа уникатен брич за модерниот маж.
Бричот е обложен со 24 каратно злато и украсен со линии во црвена бела и темно сина боја, што го претставуваат логото на дизајнерот, а на рачката стои и знакот на Harry’s.
Тој е многу лесен за користење со оглед на тоа што рачката има облик што ги следи контурите на лицето без да остави лузни. Доаѓа заедно со кожна кутија обложена со кадифе и детал во боите на Том Браун.
Ограничената верзија на бричот ја има во сребрено издание. Златниот чини 250, додека сребрената верзија е 150 долари.