
Саудиска Арабија сè уште размислува за покана да стане членка на организацијата БРИКС, изјави саудиски претставник за Ројтерс.
Официјалното лице го изјави ова откако јужноафриканскиот министер за надворешни работи Наледи Пандор рече дека Саудиска Арабија се приклучила на организацијата.
„Ријад сè уште не одговорил на поканата на БРИКС. Се разгледува“, изјави неименуван претставник од Саудиска Арабија.
Во август, БРИКС ги покани Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Иран, Аргентина и Етиопија да им се придружат од 1 јануари, но Аргентина рече дека нема да се приклучи.











