БРИКС има алтернатива во случај на колапс на доларот?

Во случај на колапс на доларот и меѓународниот монетарен систем, БРИКС може да понуди алтернатива, вклучително и вистинска валута поддржана од разменливи стоки, изјави Алексеј Можин, извршен директор на руската филијала на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пренесе Спутник.

Според неговите зборови, членовите на БРИКС би можеле да создадат заедничка валута врз основа на валутите на петте земји членки на организацијата, меѓу кои се кинескиот јуан, индиската рупија, руската рубља, бразилскиот реал и јужноафриканскиот ранд.

„Во моментов разговараме за тоа, во случај на колапс на доларот и меѓународниот монетарен систем, ќе биде неопходно да се спроведат сите овие идеи и да бидат поддржани од вистинска берза“, додаде тој.

Можин додаде дека бројни западни медиуми често пишуваат за недостатоците на сегашниот монетарен систем, притоа споменувајќи го БРИКС како организација која е способна да понуди алтернатива.