БРИКС ќе формираат заеднички девизни резерви

22

bricsЗемјите членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република), на маргините на самитот Г20 ќе ја разгледаат можноста за создавање заеднички девизни резерви со цел регулација на пазарот на девизи, најави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Членовите на БРИКС ќе се сретнат во Санкт Петегбург во четврток и ќе го разгледаат прашањето за формирање на девизни резерви за да го спречат самоволието на формирање на курсни вредности, пренесува АФП.

“Нашите претставници во текот на претстојниот самит Г20 ќе разговараат за основање на развојна банка и создавање на заеднички девизни резерви, за што веќе се дискутираше на мартовкиот самит во Дурбан”, изјави Лавров.

Шефот на руската влада додаде дека тоа ќе им овозможи на економиите на БРИКС полесно да се борат против негативното влијание на флуктуацијата на девизниот пазар. БРИКС вкупно располага со девизни резерви од 3.400 милијарди евра и им треба институција која ќе се грижи за тоа богатство.

Централните банки на некои земји од БРИКС масовно вршат откуп на девизи за да го одбранат курсот на домашните валути.