Брисел му дозволува на Google да го преземе Fitbit

83

Европската комисија даде зелено светло за преземање на производителот на паметни часовници, Fitbit од страна на Google.

Американскиот технолошки гигант морал да се сложи на неколку услови, а меѓу нив, нема да биде дозволено да користи здравствени податоци од европските корисници за огласување.

Клучно е Google да не ги злоупотребува личните податоци на корисниците и на тој начин нема да ги истисне малите производители на паметни часовници од пазарот.

Преземањето има вредност од 2,1 милијарда долари.

Корисниците на фитнес активности на Fitbit ги мери дневните чекори на корисникот, согорените калории и изминатите километри. Тие, исто така, мерат и број на искачени скалила, траење на сонот, неговиот квалитет и отчукувањата на срцето.

Фото: Freepik