Британците очекуваат значителен пад на инфлацијата, можно намалување на каматните стапки во декември

Британската јавност очекува стапката на инфлација да падне на 3,7 проценти во следните 12 месеци, според анкета објавена денес од истражувачката компанија YouGov.

Овој резултат од ноемвриската анкета за можното движење на инфлацијата, која ја нарачала Сити банката, претставува остар пад на стапката на раст на потрошувачките цени во споредба со 4,2 проценти во претходниот месец, објави Гардијан.

Сити изјави дека ова отчитување би можело да ги зголеми шансите Комитетот за монетарна политика (MPC) на Банката на Англија да ги намали каматните стапки во декември.