Среќен добитник на британската лотарија Euromillions освоил 111.540.000 фунти или 130 милиони евра.
Уште не се знае неговиот идентитет, ниту каде живее, пренесуваат британските медиуми.
“Добитникот автоматски е деветти добитник по големина на наградата на лотаријата и има богатство со коешто може да ги оствари своите соништа. Сега може да му помогне да почне да живее нов живот“, вели Енди Картер, висок советник во британската лотарија.
Ова е четврта награда на Euromillions оваа година, додека најголемата беше 142,5 милиони евра.
Фото: Pexels











