
Британскиот министер за економија, Џонатан Рејнолдс, денес изјави дека владата на земјата нема да попушти на повиците од други земји Велика Британија да воведе царини за увоз на кинески возила, и покрај политичкиот притисок за усогласување со Европската Унија во замена за посилни идни економски врски.
За време на посетата на Индија, Рејнолдс изјави дека воведувањето санкции за кинески стоки е опција што постои во иднина, но ја отфрли загриженоста на Брисел дека Велика Британија би можела да дозволи влез на стоки од таа земја на европскиот пазар, објавува „Гардијан“.
ЕУ воведе царини за кинески електрични возила во 2024 година и минатиот петок се согласи на квота од 350.000 годишно за кинески хибридни автомобили, поради стравувањата дека поевтините алтернативи на возилата би можеле да предизвикаат губење на работни места во ЕУ.












