Велика Британија ги објави санкциите против пет руски банки и три богати поединци, кои се дел од пакетот мерки против Русија, како одговор на признавањето од страна на Москва на двете самопрогласени републики во источна Украина.
Списокот на санкции е објавен на веб-страницата на британската влада, пренесува „Ројтерс“.
Како што соопштија британските власти, целиот имот што субјектите го имаат во Велика Британија ќе биде замрзнат, а на поединци ќе им биде забранет влез во земјата.
Обраќајќи им се на пратениците, премиерот Борис Џонсон рече дека Британија воведува санкции за руските банки: Rossiya, IS Bank, General Bank, Promsvyazbank и Black Sea Bank.