Британската армија ќе започне со испорака на гориво до пумпите

80

Британската армија од понеделник ќе започне со испорака на гориво до бензинските пумпи низ целата земја, објави владата.

Околу 200 војници, од кои 100 се возачи, ќе обезбедат привремена поддршка со цел да се намали притисокот на возачите врз бензинските пумпи, објави BBC.

Министрите, исто така, објавија дека до 300 возачи на цистерни ќе можат да работат во Велика Британија веднаш до крајот на март.

Оваа недела, долги редици беа формирани на бензинските пумпи откако, поради недостаток на возачи, дојде до прекин во снабдувањето со гориво.

Министрите – кои останаа на ставот дека има доволно гориво ако граѓаните го купуваат во нормални количини – велат дека ситуацијата во резервоарите на бензинските пумпи се подобрува, така што сега се испорачува повеќе гориво отколку што се продава.

Сепак, тие признаа дека некои делови од земјата се погодени повеќе од другите.