Британската автомобилска индустрија го намали производството за 27 проценти

63

Британското производство на автомобили се намали за 27 проценти во август во однос на истиот месец во 2020 година, бидејќи недостигот од полупроводници продолжи да врши притисок врз секторот ширум светот, објави Асоцијацијата на производители и дилери на моторни возила (СММТ).

Затворањето во летото и времетраењето на затворањето на производството во некои фабрики, исто така, придонесоа за падот на производството, кое според официјалните показатели изнесува 37.246 автомобили, пренесува Ројтерс.

Имаше голем пад на бројот на возила извезени во Австралија, САД и Кина, додека продажбата во Европската унија се намали за само 4,9 проценти, а продажбата на автомобили на домашните купувачи се зголеми за 3,3 проценти, покажуваат податоците на СММТ.

„Производителите на автомобили и нивните добавувачи работат на одржување на производствените линии наспроти тековните нарушувања што се очекува да продолжат до 2022 година, а веројатно и подоцна“, рече извршниот директор на СММТ, Мајк Хоус.