Британската економија лани забележа најголем пад во последните 300 години

41
Британската економија забележа пад од 9,9% во 2020 година како резултат на негативното влијание на пандемијата на коронавирусот, и ова е најголем пад во економијата на земјата во последните 300 години.
 
Според британското биро за статистика, бруто домашниот производ (БДП) на земјата се зголеми за еден процент во последниот квартал на 2020 година, надминувајќи ги очекувањата за 0,5%. Само во декември 2020 година, британскиот БДП порасна за 1,2%.
Во ноември 2020 година, економијата на земјата доживеа пад од 2,3%, а на годишно ниво забележа пад од дури 9,9%, што е најдрастичен пад од 1709 година, кога цела Европа беше погодена од силен бран на студ. Министерот за финансии, Риши Сунак рече дека податоците покажуваат дека економијата доживеа сериозен шок како резултат на Ковид-19.

“И покрај тоа што има некои позитивни знаци на економска отпорност во текот на зимата, ние знаеме дека сегашната блокада продолжува да има значително влијание врз многу луѓе и бизниси“, рече Сунак.

Фото: Pixabay