
Економијата на Обединетото Кралство во февруари порасна за 0,5 отсто месечно, пријатно изненадувајќи ги пазарите и економистите од Сити Лондон кои очекуваа многу поскромни раст од 0,1 отсто, објави денеска британската канцеларија за национална статистика (ONS).
Британското индустриско производство порасна за 1,5 отсто, закрепнувајќи од падот од 0,5 отсто во јануари.
Производството на компјутерски, електронски и оптички производи е зголемено за 9,8 отсто, а на фармацевтски производи за 4,4 отсто.
Фото: Pixabay