Британската економија се врати на нивоата пред пандемијата

91

Британската економија го надмина нивото од пред пандемијата по силниот раст во ноември, покажуваат официјалните бројки.

Бруто домашниот производ порасна за 0,9 проценти во ноември 2021 година и за првпат е над нивото пред пандемијата на коронавирус, се вели во соопштението на Службата за национална статистика.

Економијата на Британија е 0,7 отсто над нивото од февруари 2020 година, додаде Службата.

„Неверојатно е да се види како размерот на економијата во ноември се враќа на нивоата пред пандемијата, што е доказ за истрајноста и решителноста на британскиот народ“, изјави британскиот министер за финансии Риши Сунак.