Британската економија забележа благ раст во вториот квартал

23

Економијата на Британија благо порасна во вториот квартал, објави во петокот заводот за статистика ONS, ревидирајќи ја претходната проценка која покажа умерен пад на активноста.
Во трите месеци заклучно со јуни, бруто домашниот производ (БДП) порасна за 0,2 отсто во однос на претходните три месеци, објави ОНС.

Во претходната проценка, заводот за статистика процени дека економската активност во тој период се лизнала за 0,1 отсто.

Меѓу причините за зголемените проценки во ОНС, тие ги издвојуваат подобрувањата во здравствениот и финансискиот сектор.

„Подобрените бројки, ревидирани нагоре од претходната проценка за благ пад, покажуваат дека економијата пораснала во вториот квартал“, рече главниот економист на ONS, Грант Фицнер.

„Тие, исто така, покажуваат дека домаќинствата заштедиле повеќе за време и по пандемијата отколку што претходно проценувавме, иако заштедите се забавија во текот на последниот квартал“, додаде Фицнер.

Ова би значело дека британската економија можеби моментално не е во рецесија, како што предвиде Банката на Англија овој месец.

Техничка рецесија е кога економијата бележи пад на активноста на тримесечно ниво два последователни квартали, потсетува агенцијата Дпа.

Централната банка на неодамнешниот состанок сигнализираше дека економијата во моментов е веројатно во рецесија, прогнозирајќи пад на активноста во третиот квартал, за 0,1 отсто, по проценетиот пад од истиот процент во периодот од април до јуни.

Новите проценки на ONS значат дека дури и ако економијата се намали во третиот квартал како што се предвидува, таа нема да биде во рецесија.