Британската осигурителна компанија Lloyd’s доаѓа во Хрватска

33

lloyds-banking-group-186834054_0_0_468X10000Светски познатата осигурителна куќа од Велика Британија Lloyd’s, која оперира долги 325 години и уште 12 други европски осигурителни компании најавија доаѓање во Хрватска.

Од 1 јули хрватскиот финансиски пазар е отворен за сите компании од ЕУ, па така осигурителите компании можат слободно да влезат на пазарот, откако претходно ќе се најават на Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги, Ханфа. Истото правило важи и за домашните осигурителни компании кои се со намера да се пробијат на пазарот на ЕУ.

Своето доаѓање во Хрватска британскиот Lloyd’s го најави на својата интернет страница пред два дена. Осигурителната компанија е позната во светот по долгата традиција на работење, како и по брзината на исплатата на осигурувањето.

Според плановите на Lloyd’s, компанијата во Хрватска ќе ги  понуди сите видови на осигурување, освен животно, и тоа осигурување од незгода, здравствено осигурување, осигурување на возила и друго.

Досега слични вакви услуги најавија и холандската компанија Allianz Risk Transfer и германската Mannheimer Versicherung, додека намерата на другите компании е да се занимаваат со останатите видови на осигурување. Новите осигурителни компании во Хрватска доаѓаат од Ирска, Велика Британија, Холандија, Австрија, Словенија, Лихтенштајн и Германија, а се очекува нивниот број и понатаму да расте.