Британската Permira ја презема модната куќа на Роберто Кавали

36

roberto kavaliИталијанскиот дизајнер Роберто Кавали планира да го продаде мнозинскиот пакет од неговата модна куќа за 450 милиони евра, дознава Reuters.

Како најсериозен купувач на овој светски бренд е британската компанија Permira, која веќе е мнозински сопственик на германскиот Hugo Boss и британскиот Dr. Martins.

Оваа продажба ќе го означи крајот на 40-годишната традиција на Кавали во светот на високата мода, кој е препознатлив по животинските принтови, кожата, свилата и кадифето на неговите модели.

Договорот меѓу Permira и Кавали може да се постигне, како што пишува Reuters, во следните неколку недели. Седумдесет и тригодишниот дизајнер најверојатно ќе задржи меѓу 20% и 40% од акциите на неговата модна куќа.

Управувачката структура на компанијата на Кавали е на стаклени нозе по заминувањето на извршниот директор Џанлука Броцети и главниот оперативен директор Карло ди Биаџо во јануари оваа година.