Британската влада нема да ги спасува енергетските компании

21

Велика Британија нема да ги спасува енергетските компании кои пропаѓаат, а владата очекува некои од нив да банкротираат во следните недели, откако цените на бензинот достигнаа нови рекордни нивоа.

Британската влада одржа итни разговори со шефовите во енергетскиот сектор и размислува како да спречи хаос во системот, бидејќи малите, необезбедени компании ризикуваат да пропаднат, пренесува Блумберг. Се дискутираше како да им се помогне на поголемите компании да преземат клиенти од неуспешни добавувачи.

Со рекордно високи цени на големо, компаниите не сакаат да прифатат нови клиенти без владина поддршка. Европа се соочува со недостаток на гас поради ниските резерви од минатата зима, која беше долга и студена, како и поради големата испорака на гас во Азија и помалите испораки од Русија.

Шестата британска енергетска компанија „Булб“ бара помош за да остане во живот поради зголемените цени на гасот на големо. Компанијата со 1,7 милиони клиенти преговара со инвестициската банка Лазард со цел да ја зајакне својата финансиска состојба, пренесе BBC.

„Булб“ е една од британските енергетски компании која се бори против банкротот, а најмалку четири мали компании се очекува да престанат да работат следната недела. Високата глобална побарувачка за гас неодамна предизвика нагло зголемување на цените на големо.

Спасувањето на „Булб“ може да биде дел од заедничко вложување или спојување со друга компанија, а дополнителна опција е да инвестирање готовина од инвеститори, објави ФТ.