Британски Guardian добива биоразградлива амбалажа за весникот

31

Фото: Pixabay

Британскиот весник The Guardian ја укинува пластичната амбалажа и ја заменува со обвивка направена од скроб од компири. Оваа промена има за цел да го намали пластичниот отпад, пишува Dezeen.

Печатеното издание на весникот доаѓа со различни додатоци, па досегашната пластична фолија имаше задача да ги чува сите заедно.

Но, од минатиот викенд читателите на The Guardian наместо пластична фолија, ќе го добијат весникот во рециклирана амбалажа.

Амбалажата се очекува во целост да се рециклира за период од шест месеци.