Британски Steelmin стартува погон во БиХ за производство на феролегури

91

Британската компанија Red Rock Resources стартуваше погон и воедно ги зголеми плановите за комерцијално производство на феросицилиум во Јајце, БиХ, пишува BiznisInfo. Инвестицијата се реализира преку фирмата Steelmin Ltd,  во која Red Rock Resources имаа 22% удел и која уште на почетокот на мај започнаа со загревање и напојување на Печката број 5 во својот погон во Јајце.

Во следните неколку месеци погонот треба да проработи под полна сила, вклучувајќи и лабораториска проверка на материјалите што се произведуваат. Досега инвеститорите од Велика Британија имаат вложено преку 5 милиони евра за купување и рестартирање на некогашниот гигант Електробосна.

На почетокот ќе функционира само Печката број 5, којашто ќе произведува 29.000 тони феросицилиум годишно и 5.800 тони микросилициум. А понатаму со обновата и на останатите печки се очекува комбинираниот капацитет да достигне и до 48.270 тони произведен феросицилиум на годишно ниво.

Steelmin Ltd во фабриката во Јајце ќе произведува феролегури, многу баран и ценет производ, што ќе се пласира во железарниците во Италија, Австрија и Германија, како и САД и Азија.

Во фабриката ќе работат повеќе стотини работници.