Британскиот банкарски гигант го прекинува финансирањето на експлоатација на нафта и гас

60

Британскиот банкарски гигант Баркли  објави дека повеќе нема директно да финансира нови проекти поврзани со експлоатација на нафта и гас.

Банкарскиот гигант најави и дека ќе го ограничи кредитирањето на компаниите кои планираат да го прошират производството на фосилни горива.

Според извештајот на еколошката група „Rainforest Action Network“, Баркли беше најголемиот финансиер на секторот за фосилни горива во Европа меѓу 2016 и 2021 година, особено во текот на 2019 и 2020 година, кога оваа сума надмина 27 милијарди евра, додека во 2022 година обезбеди малку помалку од 15 милијарди евра за споменатата намена, пренесе Би-Би-Си.

Оваа банка беше под зголемен притисок, првенствено од еколошки активисти, потоа од индивидуални инвеститори и познати личности, да го намали своето влијание во секторот за фосилни горива.

Затоа, Barclays објави дека повеќе нема директно да финансира проекти за проширување на нафта и гас или поврзана инфраструктура.