Британскиот БДП неочекувано падна

Британскиот БДП се намали на почетокот на 2025 година, и покрај очекувањата на аналитичарите дека ќе продолжи да расте благо, покажуваат официјалните податоци.

Канцеларијата за национална статистика (ONS) објави дека економската активност паднала за 0,1 отсто во јануари, откако во декември пораснала за 0,4 отсто.

Повеќето економисти предвидуваа раст од 0,1%, но резултатите го покажаа спротивното.

Според ОНС, главната причина за падот е намалувањето на производната активност во индустрискиот сектор.