
Тунелот се гради во близина на праисторискиот споменик и треба да го реши километарскиот сообраќаен метеж
Стоунхенџ е еден од најпознатите праисториски споменици во светот, кој носи и сообраќајни проблеми за локалното население бидејќи во близина на знаменитоста се создаваат огромен сообраќаен метеж.
Сега британската влада одобри изградба на тунел од 2,2 милијарди евра веднаш до Стоунхенџ. Причината за изградба на тунелот е да се зголеми сообраќајниот капацитет и да се премести сообраќајот надвор од видното поле на споменикот, објави ХАК Ревија.
Но, не е сè без контроверзии. Според Би-Би-Си, во некои области има силно противење на проектот, а Инспекторатот за планирање на владата на Обединетот Кралство изјави дека тунелот ќе предизвика трајна и непоправлива штета на античкиот споменик.
Местото е старо повеќе од 5.000 години и е заштитено со закон, што ја прави одлуката за негова изградба уште поневообичаена, без оглед на оправдувањата дека посетителите создаваат сообраќаен метеж што може да создаде десетици километри редици.
Фото: HIGHWAYS ENGLAND











