British Airways размислува да ја продаде зградата на нејзиното седиште поради тоа што нејзините вработени во најголем дел работат од дома во време на пандемија, што значи дека нема да му биде потребен толкав канцелариски простор на британскиот авиопревозник.
Се очекува ако биде продадена зградата на British Airways, тоа би можело да ја подобри лошата финансиска состојба на компанијата, ојашто беше силно погодена од пандемијата како и целиот воздухопловен сектор. Зградата завршена во 1998-ма година се проценува на 200 милиони британски фунти или околу 279 милиони долари, пренесува Financial Times.
Преминот на работа од дома во текот на минатата година веќе поттикна некои од најголемите британски компании да направат реорганизација на својата работа. Големите банкарски корпорации меѓу првите ја напуштија идејата за големи и скапи канцелариски простори, па така Lloyds ги намалува канцелариите за 20% во период од три години, а HSBC за повеќе од 40%.
British Airways соопшти дека поголемиот дел од вработените уживале додека работеле од дома и во иднина компанијата ќе понуди хибриден пристап што комбинира работа од дома и доаѓање во канцеларија.
Фото: Facebook