Бритиш Петролеум објави рекордна добивка во вториот квартал

72

Бритиш петролеум објави огромен профит во вториот квартал од оваа година поради растот на цените на нафтата и гасот. Основниот профит на БП достигна 8,45 милијарди долари, што е повеќе од тројно во истиот период минатата година.

Евидентираната добивка е втора најголема во историјата на компанијата, додека нејзиниот полугодишен профит изнесува 14,6 милијарди долари, јавува Би-Би-Си. Извештајот доаѓа во време кога се предвидува дека сметките за енергија за типично британско домаќинство ќе достигнат 3.600 фунти годишно (4.400 долари).

Износот е значително поголем од предвиденото, што поттикна повици за поголема поддршка за семејствата кои се борат да врзат крај со крај. Аналитичарите проценуваат дека сметките за енергија ќе останат високи во 2023 и 2024 година. Бидејќи проблемот е долгорочен, велат дека е потребна усогласена и одржлива владина акција за негово решавање.
БП најави дека ќе ги зголеми исплатите на акционерите за 10 отсто и ќе откупи повеќе акции. Големопродажната цена на гасот се зголеми поради актуелните и потенцијалните проблеми во снабдувањето на Европа со гас од Русија, а енергетските компании го префрлија зголемувањето на трошоците на крајните потрошувачи.