British Petroleum под привремена суспензија во САД

49

Нафтениот гигант British Petroleum привремено остана без можност да склучува нови договори за работа во САД поради излевањето на нафта во Мексиканскиот залив во 2010 година, соопшти американската Агенција за заштита на природната средина EPA.

EPA наведува дека преземала акција поради недостаток на деловен интегритет на оваа компанија после загадувањето, но не прецизираше колку ќе трае суспензијата.

“Суспензијата привремено ќе и оневозможи на компанијата и претпријатијата со кои соработува да склучуваат нови договори со федералните власти, додека BP не покаже дека ги исполнува федералните деловни стандарди”, наведува EPA.

BP претходно ја призна вината по 14 точки од обвинението поради несреќата на нафтената платформа Дипвотер хоризон и плати оштета од 4,5 милијарди долари. Во експлозијата на платформата загинаа 11 работници, а Мексиканскиот залив претрпе најголема катастрофа и онечистување до денешен ден.