Бродовите на Охридското Езеро исправни за пловидба

81

brodНеодамнешната спроведената техничка контрола покажа дека сите бродови регистрирани во Капетанијата на пристаништа во Охрид се исправни за пловидба.

Контролата беше спроведена од страна на експертите на бродски регистар Биро Веритас, овластен да ја контролира кондицијата на бродовите што пловат по езерото.

Од Капетанијата соопштуваат дека сите комерцијални бродови го минале прегледот, при што е утврдено дека не се регистрирани недостатоци, односно дека ситуацијата е редовна, а пловните објекти се подготвени за престојната туристичка сезона.

Се работи за шест бродови со носивост меѓу 80 и 150 патници, како и неколку пловни објекти односно чамци со капацитет од најмногу 12 патници.