Броилата ќе се отчитуваат месечно, а ќе има и вонредна проверка, велат од РКЕ

Месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се дел од мерките на кои од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад велат дека работат подолг период.

РКЕ во изминатиот подолг период работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите.
Меѓу нив како што наведуваат се : месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ.
Овие механизам се дел од заедничкото делување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи кои се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата).
РKE останува отворена и транспарента како и до сега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност без разлика дали се организирани формално или неформално.
Овој сет на мерки ќе стапи на сила по завршување на сеопфатната експертска консултативна фаза со сите засегнати страни, стои во соопштението на РКЕ.