Бројни награди за македонските вина на Slovenian Wine Festival 2013

41

SLOVENIA-LJUBLJANA-16TH SLOVENIAN WINE FESTIVALСевкупен победник и освојувач на златен медал на Slovenian Wine Festival 2013 е црвеното вино Император 2011 на винарската визба Бовин.

Второ и трето место во истата категорија освои винаријата Камник со Шато камник-Мерло 2010 и Шато Камник каберне совињон резерва.

Првите девет места во оваа категорија припаднаа на македонски црвени вина. Ова е прв пат на фестивалот да се случи првите три вина да бидат прогласени како победници од една земја.

Во категоријата на бели суви вина, прво место освои винаријата Тиквеш со Барово бело, 2012 а трето место винаријата, Стоби со своето шардоне барик, 2012.