Бројот на банкроти во 2022 година се зголеми за прв пат по светската финансиска криза

75

Минатата година, бројот на пропаднати компании во Германија се зголеми за прв пат од избувнувањето на светската финансиска криза во 2008 година. Според податоците на Федералното биро за статистика од петокот, 14.590 компании поднеле барање за стечај, односно 4,3 отсто повеќе отколку во 2021 година.

Но, тоа не беше неочекувано, бидејќи властите, сакајќи да го ублажат бранот банкроти, на почетокот на пандемската криза во март 2020 година, ја суспендираа обврската на презадолжените компании да влезат во стечајни постапки до мај 2021 година, пишува ДПА.

Економистите претходно прогнозираа дека по истекот на заштитните мерки, дел од компанијата сепак ќе тонат, како и дека трендот ќе продолжи и годинава, сега поради кризата од украинската војна.

Стапката на стечај кај компаниите сепак ќе остане умерена и нема да има голем бран на неликвидност, сметаат аналитичарите. Од врвот на банкротите во 2009 година до минатата година, бројот на германски фирми кои поднесоа барање за банкрот само опаѓа.

Бројот на банкроти во јануари бил за 3,2 отсто помал од декември, но до следниот месец тој скокнал за 10,8 отсто, објавија статистичарите.

Фото: Freepik