Бројот на електрични автомобили во светот надмина пет милиони

17

Бројката на електрични возила на глобално ниво сè повеќе расте и достигна рекордни пет милиони.

Само минатата година беше остварена продажба на нови два милиони електрични автомобили, пишува Daily Sabah. Според Меѓународната агенција за енергија (IEA),  зголемен е бројот и на електричните возила на две тркала и автобусите, коишто најмногу ги има во Кина.

Прогнозите на агенцијата се дека оваа бројка до 2025 година ќе достигне 10 милиони, а до 2040 година ќе се зголеми на 30 милиони електрични возила.

Зголемената продажба се должи на неколку фактори, меѓу кои и строги економски таргети, рестрикции и казни за користење или продажба на обични автомобили.

Тука спаѓаат и пониските цени за батериите и инвестициите во инфраструктура што вклучува електрично полнење.

Фото: Pixabay