Бројот на летови во европскиот воздушен простор во јули надмина еден милион за прв пат од септември 2019 година

97

Во јули вкупниот број на летови во европскиот воздушен простор надмина еден милион за прв пат од септември 2019 година, според податоците објавени оваа недела од европската агенција за контрола на летање Еуроконтрол.
Во споредба од година во година, растот на сообраќајот се зголемил во просек за седум отсто, а прекините биле пролонгирани главно поради временските услови.

Според податоците на агенцијата, во јули биле реализирани вкупно 1,02 милиони летови, додека во истиот период лани имало 951.099.

Во споредбениот период, доцнењата на ATFM  се зголемени за шест проценти, од 0,7 на 1,7 минути, а причината за тоа главно се припишува на лошото време.

Европскиот континент овој јули беше соочен со екстремни временски услови, а главен фактор за одложување беа конвективните врнежи, особено во Германија, Србија и Унгарија.

Имајќи ги предвид неповолните временски услови, доцнењата на ATFM по поединечен лет во јули се зголемија за пет отсто од 3,9 на 4,1 минути, додека без неповолни временски услови се намалија за речиси четвртина до 2,5 минути.

На европските аеродроми најголеми доцнења на ATFM поради лошото време се забележани на аеродромите во Франкфурт, Минхен и Гетвик.

Според Агенцијата за контрола на летање, доцнењето на ATFM претставува само мал дел од вкупните доцнења што патниците можат да ги доживеат. „Гледајќи ја севкупната точност, која вклучува и други случајни доцнења, одложувања на распоредот на летови и доцнења на теренот, малку е подобра во споредба со јули 2022 година и и покрај зголемениот сообраќај и влијанието на лошото време, сè уште е под нивото од 2019 година“, објаснија тие.

Еуроконтрол забележува и подобрувања во работењето на воздушната мрежа, што според нив покажува дека блиската соработка на сите оперативни партнери дава добри резултати.