Бројот на нови работни места во САД ги надмина очекувањата на аналитичарите

46

Работодавачите во САД во јули отворија поголем број работни места од очекуваното и покрај проблемите со недостигот на кадри на пазарот на труд и стравот поради ширење на коронавирусот.

Бројот на вработени се зголемил за 943.000 работници во јули, пренесува CNBC.

Стапката на невработеност во јули се намали на 5,% од 5,9% еден месец претходно, покажуваат статстичките податоци на тамошното министерство за труд.

Аналитичарите предвидуваа дека во јули ќе бидат отворени 845.000 нови работни места и стапката на невработеност ќе биде 5,7%.

Фото: Pexels