Бројот на паметните телефони во светот ја помина долго очекуваната бројка од една милијарда продадени телефони ширум светот во третиот квартал на 2012. Според последните статистички податоци продадените паметни телефони на компаниите производители на истите им донеле вкупно 400 милијарди долари.
Според Strategy Analytics втората милијарда паметни телефони ќе биде продадена во 2015 година. Според извештајот на агенцијата секој седми човек во светот поседува паметен телефон. Најголем процент од продажбата на паметни телефони имаат Самсунг и Епл со скоро 43% од вкупно продадените паметни телефони.
Пенетрацијата на паметните телефони е се уште ниска. Повеќето луѓе во светот не поседуваат паметен телефон, со самиот простор за натпревар помеѓу компаниите кои произведуваат паметни телефони е огромен, особено во Кина, Индија и Африка.
За да се стигне до бројката од една милијарда продадени телефони беа потребни повеќе од 16 години, со оглед на тоа што првиот паметен телефон Нокиа Комуникатор на пазар излезе во 1996.
Наголем број на паметни телефони се користат во САД, каде 65% од мобилните телефони се паметни телефони. Во Европа процентот е помал и тој изнесува 51%.