Бројот на работници во индустријата е намален

18

Бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година е намален за 0,8 отсто во однос на јули 2020 година, а во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот периодот лани покажува пад од 2,2 проценти.

Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање од 7,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,2, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување за 2,7 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто, додека пораст бележи кај Капитални производи за 12,2 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 отсто.